и (сврз.) - тајна (имн.)

Не метафори, не смисла, не цел и тајна... не таен клуч за поетиката, туку обично вратниче низ кое да се влезе во... себеси самиот.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Во нив отсекогаш сѐ што е родено е живо и затоа нема и што да се откопа: луѓето таму во крвта си ги носат предците па затоа и не веруваат во одминливоста, самите себеси си се и предци и потомци: нанижани во долги низи црвени африкати, огнот во нивните колиби ги ништел сите нивни платони и исуси, бетовени и целани, па точно затоа тие и сѐ му доверуваа на зборот: сите нивни пориви и тајни - зборот ги префрлал преку вековите.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Сега, засекогаш тој ќе ги изуми и сите имиња, сите адреси, алегории.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Јатката на моливот, сите мои копнежи и тајни ги пресоздаваше во зборови и таа нејзина дарба е дело на голем и свет оган, низ кој се топела и претопувала нејзината света твар, сѐ дури низ тој оган и самата не се пресоздала во мое сеќавање.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Брзо дозна дека баклавата (од персиски blave) била традиционално познат заеднички десерт на сите народи на Персија и на Османската Империја, но станал и национален колач на сите земји на Балканот, на Средниот Исток и Магреб, а се проширил и во Грузија, Ерменија, Кипар...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тој беше предизвикан да трага по генезата на името и тајните на баклавата.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Ѝ пееме на раката што те прелажа крај ливадите и те доведе тука времето чирак да ти биде на ликот твој да му служи и да се подучува за тајните и тајни патишта на убавината.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
А логотетот потем падна на коленици пред Филозофот и со солзи радосници почна да го моли да го научи и на други мудрости подобни и богоугодни, на сите уки и тајни откровенија што во себе ги хранат буквите и словата од родови разни, изумрени или живи.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Перса веруваше во Господовите чуда и тајни и знаеше дека не треба да се растајнува сето тоа.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
(Со нив склучува и тајни зделки: под тезга му даваат свежи зелки!)
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)