и (сврз.) - страдање (имн.)

Следејќи ја таа логика – ако Бог не постои, тогаш човекот станува Бог и како одбран Бог ќе изгради вистински рај на земјата ослободувајќи ја од злото и страдањата.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
„Често, многу често влегував во блискиот манастир“, не е обична описна реченица (Аврам и Адам) туку вовед во приказната на зографите кои со векови ги гледале и следеле „маките и страдањата на овој народ“.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
И Симон е тип на интелектуалец кој оптира со политиката иако декларативно стреми кон универзалното Добро, но и човек за кого не е сосема извесно дали е способен да го почувствува и страдањето на поединецот, дали неговата хуманост и емпатија се наоѓаат само во зборовите, во интелектуалниот порив, но не и во срцето, и дали затоа во оној момент кога тие преминуваат во дела, доживуваат крах.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Сакањето било голема несреќа и страдање.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Биди со нас во тешките часови на мака и тага, на колебливост и исплашеност и направи ги нашите солзи и страдања полесни.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Брза зашто сонцето се навали над високата плаиина.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Рашири нозе, се потпре на дебелиот стап и со гаврење во гласот, ја праша: - Од каде вака, жено?
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Таа својата радост ја плати со вечно тагување, приврзаноста - со исчекување и страдање. И, ете, сега го загуби и синот...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
- Па тоа се два-три грста зрна што ги истрив од класјето во стрништето...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Пелагија по втор пат се соочува со Богородица, еднаш веќе се помирија, Пелагија ѝ прости за она што се случи дамна токму на ваков ден во нивното село, ама дали во тоа простување беа споменати и страдањата што траат од тогаш досега?
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Ми се наложуваат нови прашања за кои мислителот има одговори: А народот? Каква е неговата улога во историјата? Дали тој ги слави и создава тираните? Каква е улогата на мислителите или историчарите?
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Народот (мислителот или историчарот кој го употребува без иронија се дисквалификува), добро си ја игра улогата која му е наменета: да се потчини на настаните и на фантазмите на владите, готов секогаш за нови потчинувања и страдања, прв на браникот на жртвувањата.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Мајка ги почитуваше Татковите мисли за границите што произлегуваа од неговите маки и страдања поради нив, но таа си имаше свои аргументи за нивното постоење, свој дел од големото страдање.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)