За љубов и среќа мислете и молете се, за оние далеку на кои се надевате, цвеќенце во мисли испратете ако друг начин немате.
„Илузија за сон“
од Оливера Доцевска
(2013)
И во моментите на вистинска радост и среќа, во нас останува една трошка осама, самотија, која доколку и за миг ја посетиме, го облева нашето битие и омјазот наш, го добива мртвилото на затворените очи.
„Записки“
од Милчо Мисоски
(2013)
Тие течења се вкоренуваат првин во долните класи и воопшто кај луѓето без предубедување, готови да се борат со тие предубедувања во заштита на новите идеи, од чие реализирање ќе зависи не само нивната, туку и среќата на нивниот народ.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Дај боже, сега пролеаната крв да послужи како завет меѓу живите, коишто се должни пред таа крв да се заколнат за една заедничка културна работа, за полза и среќа на нашата заедничка многу напатена татковина – Македонија. *.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Во тоа се состои нашата среќа и среќата на Турција.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Дека изборот за човештвото лежи меѓу слободата и среќата и дека, за огромниот дел од човештвото, среќата е подобра.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Читав: „До уважениот везир, славниот мушир уредувач на светот, предострожен управител на општествените работи со прониклив ум, извршител на народните работи со правилен суд, градител на темелите на господство и среќа, кој ги зацврстува столбовите на среќата и сјајот, окружен со милоста на севишниот владател, до муширот на Румелискиот ејалет, мојот везир Ахмед Мулаим-паша - севишниот бог да му го продолжи господството, и до одличниот правник меѓу наибите, наибот на Монастирската каза - да му се умножи знаењето, кога ќе стигне високиов царски знак, нека се знае: Во бовчата за џезието во Монастирската каза отсекогаш имало по 98 листови од горна категорија, 950 од средна и 162 од долна категорија, вкупно 1112 листови на џизието, што се распоредувале на рајата, населена во споменатата каза, и нивниот износ се собирал од споменатата раја по утврдена процена.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Тропаат лажиците и виљушките, ѕвонат гласовите, а нејзе ќе ѝ прокапе некоја солза од радост и среќа, додека ме кара мене дека, ете, лубеницата не сум ја доизладил како што треба, а сто пати ми рекла да донесам уште мраз.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Ох, ти гугувче малечко! Што си згрешило ти пред господ, да береш грижа уште од пет години?...
„Печалбари“
од Антон Панов
(1936)
Сите жени на светот со добра среќа ги поздравуваат првите штркови, зашто им носат љубов и среќа!
„Печалбари“
од Антон Панов
(1936)
Гледајќи ја оваа маса од расчувствувани лица, Арсо се прашаше самиот себеси, зошто овие сериозни лица - запотени, стеснети и опијанети од љубопитност, ги заборавиле своите секојдневни работи, многу важни за самите нив и се претвораат овде во наивни, пакосни или добродушни гледачи, зашто им е потребно тоа да се согласуваат со оние што обвинуваат и на таков начин да си ги прават душите тврдокорни, барајќи во себе презир, непопустливост и казна за оние што се млади и непокорни, но очигледно способни да ја платат највисоката цена за таа своја непокорност, за тоа свое несогласување и за мечтата за нешто што го нема, но треба да дојде, зашто без него нема смирување и среќа.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Само еден ден или само два дена уште, само два дена! Потоа иде победа и спокој ќе се всели во замореното тело. И среќа.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
А сепак, мил мој ибн Тајко”, воздивна патетично дубровчанецот, „а сепак, во секое зло има и добро, во секоја несреќа и среќа.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Љубовта и среќата толку ги исполнуваа што и на двајцата им се чинеше банално било што да кажат.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Божем некој друг ти печали та ајде, бабо Анчо, удри гори што повеќе. (Ја зима фурката и седнува на каменот) Да ти се невиди и среќата твоја вака...
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
- Ехе! – се насмеа белиот патник пред ококорените неизмиени сиромаси – иако не верувам дека сум токму тој што си го замислувате, ќе се обидам да ви донесам троа радост и среќа, особено на вашиве дечиња!
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
Тој, поглаварот на Ескимите, му се поклони на Дедо Мраз сто и еден пат со зборовите: - Добре дојде, господару наш, најголем меѓу господарите земни, оној што носи благодат и среќа!
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
На прагот - домаќинката. И таа нѐ изгушка и откако собувме чевли и искажавме топли и убави зборови за убавината на куќата ѝ пожеливме мир и среќа, нѐ седна на миндер покриен со рачно исткаени килимчиња.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
И можеби како и гревот и среќата, така и омразата постои само во очите на оној кој ја забележува, и на оној кој врз себе ја чувствува – инаку тоа се само постапки, обични постапки и ништо друго, обични постапки, а сепак фрлаат отров во животот на оние кои ја трпат омразата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Понекогаш се обидував да ја разгатнам омразата на мојата мајка, јас, која бев можеби нешто како дупка во која може да се фрли сопственото црнило, и помислував дека таа во мене го мразеше мојот татко, својот стар сопруг, постар и од нејзиниот татко, можеби со омразата кон мене го гаснеше својот копнеж да има маж на своја возраст уште пред тој копнеж да се распламти, можеби ме мразеше не самата таа туку онаа нејзина дамнешна болка, родена од присилата предвреме да ги прекине своите девојчински мечтаења, и да му се повинува молчејќум на стариот сопруг, да живее во сиромаштија и во таа беда да раѓа и израснува деца.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Од толку опиеност и среќа, се губи рамнотежата, си дополнуваше Чанга при читањето.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Малку мир и среќа речиси по правило се плаќаат со непредвидливи трагични настани.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Никогаш во ова емигрантско семејство, во галијата на егзилот која тешко можеше да го најде брегот на враќањето, осудено да живее со мислите и со надежите за земјата без враќање, немавме почувствувано толку радост и среќа, во исто време.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
- Не сум го видел, вели Секуле, и среќа за него што не сум го видел.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)