Кожите ни дишеа секогаш различно, окото ни клептеше секогаш различно и различно броевме чекори детски и камчиња во чевлиња, различно ни гореа гласните огнови и писмата ги виткавме различно во различни бои со различни поштенски марки, цветни усни јазици зборувавме, децата нѐ гледаа, броевме, реката знаеше, броевме спомени и слики. Колку ли слики и спомени?
„Омајнина“
од Афродита Николова
(2010)
Болеа зглобовите и спомените. Болеа до срж Никола, Марија, една продувана војна и сѐ она на што мислеше и од што мозокот му беше врел, зовриен.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
И глас некој оддалеку ми иде низ градините како пискот по изгубено добиче како лелек по загубено дете како драга што доаѓа да помине по предели и спомени.
„Липа“
од Матеја Матевски
(1980)
На половина пат помеѓу селото и заборавената стара тулана, под голем стаблак на орев во чии лисја шушкаат крилја на невидени, птици и спомени, седат во круг седум старци со преголем товар на минатото врз грбот, не пијат и не пушат, и зачудо, некако со првиот предвечерен ветрец, брчките на мудрите лица им се измазнуваат.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Но тоа беа распарчани делови од некогашните восхитувачки целини. Дури и љубовните доживувања и спомените за нив.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
А тоа се случи и синоќа…
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Па и Стојна, (бидејќи е најблизу), и моето колебливо однесување; бев нели решил дека е крајно време сосема да ја заборавам, па сепак, при случајните пребарувања низ тој недорасчистен полигон на крвавите чувствени пресметки, каква што беше и онаа сношната, се случуваше неочекувано да истрча лично таа и тоа облечена во онаа нејзина кожа од далечната младост.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Се разбудив: дабјата и костурите со зинати челусти се распаднаа, се строшија до безначајност во прав.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Старецот уште шепотеше дека неговите мустаќести синчиња со надеж чекаат некој да им каже - бог да го прости Симон Наконтик, остави деца, внуци и спомени.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Размислував, чеда мои, долго размислував, пребарував по книгите и спомените од разговорите со Чанга, а ние везден и долго зборувавме за Калето, јас му читав од моите книги, а тој историјата ја проверуваше на секоја врвица, на секој камен на Калето...
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)