и (сврз.) - симпатија (имн.)

Таа надолго ми пишуваше за нив, за нивните љубови и симпатии, за сите случувања во градот...
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Можеше да почувствува како топлината и симпатијата на Кети зрачат кон неа.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Дури и во очите на двете омажени сестри на Даниел, во кои на почетокот откри студени критички погледи и процени за нејзината вредност, сега почна да гледа топлина и симпатија.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)