и (сврз.) - семејство (имн.)

Конечно откривањето на битолските кадиски сиџили (од ХVI-ХIХ век), го запечати крајот на егзилската балканска одисеја на Татко и семејството.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
ПСИХОТЕРАПИЈА, некои други проблеми Steve de Shazer КРЕАТИВНО НЕДОРАЗБИРАЊЕ: НЕМА БЕГАЊЕ ОД ЈАЗИКОТ Кога започнав да спроведувам терапија со брачни двојки и семејства (пред околу 20 години), актуелен збор беше „комуникација“.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Задоен со старински сфаќања за бракот и семејството никако не го прифаќаше тоа што му се зборуваше.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Дарителот им дава бакшиш на свирачите, и влегува во црквата да запали свеќа и да му се помоли на светецот да му го возврати дарот со здравје и живот и напредок на куќата и семејството.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Сум го сквернавел олтарското место и гробиштата. Сум копал за да ја откопам старата омраза, палежите и убиствата меѓу Кочовите и семејството Поцо, за да ја расеам омразата низ целото село.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
И зошто навистина не ја силував Луција онаа ноќ? (Таа, всушност, лукава како и секоја жена, ме измами, ме надмудри, оти навреме се предаде: јас само сакав да ја силувам, да покажам извесна надмоќ над неа, како одговор на нејзината партиска декларираност; но таа тоа го сети и во клучниот момент се предаде, да ми го оневозможи тоа задоволство, затоа што Партијата, општеството, нацијата и семејството ја научиле дека е недостојно некој да те силува; така таа, со тоа што се предаде, најде алиби за силувањето, и сакаше скандалот што долго го планирав, да го претвори во регуларен сексуален однос; тука пак, јас киксирав, оти се исплашив од она нејзино ненадејно движење).
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Тоа како да си дете оставено надвор во најтемната ноќ”.  Така, на посигурно место на островот замина и семејството на рабинот Елеазар Корео.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Постоеше можност некој да ги открие засолнатите и само еден таков случај можеше да ја уништи целата операција.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Тие, вистина се противеа, не сакаа или не смееја во принцип да чуваат кози, но нивните деца и семејствата не можеа без млекото на козите.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Кога таа рака не може да се гризне, се прифаќа! - рекол некој предок и семејството се најде со новиот Бог минувајќи во нови незамисливи искушенија.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Татко живееше со илузиите на заминувањето влечејќи ги со себе и Мајка и семејството, но сега како да беше дојдено времето таа самата да си ја провери илузијата на враќањето.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Селото повторно ќе процвета, сообраќајните метежи ќе исчезнат, околината ќе биде сочувана и семејството обновено. okno.mk 29 30 okno.mk
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)