Во рафтовите имаше наредено селски шамии за жени, шамичиња за на појас, неколку низи монистра, пулејќи за шамии и друга стока за селаните и селанките.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Лево – голите врвови на Бела Вода, десно – Лунѕер, тешко освоиви тврдини во времето на војната, градени со рацете на македонските селани и селанки.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
— Добро утро, сестрице Митро! — Ја поздрави Доста Митра, на која ѝ се стори овој поздрав необичен, оти нашите селани и селанки ретко се поздравуваат меѓу себе дома.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)