и (сврз.) - сегашност (имн.)

Се испомешале во главата и соништа и стварност, и минато и сегашност.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Иднината, ако тоа досега не го постигнале минатото и сегашноста, ќе ги разјасни определбите на овој исклучително комплексен и антологиски автор, за кого со право може да се каже дека напишал ремек дело за тажната увертира за запустувањето на нашата Магна Матер Македонија, за трагичните историски реминисценции на вечниот македонски народ, и за македонската дијаспора.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Сѐ уште тој се колебаше на работ меѓу минатото и сегашноста - овие два различни по содржина света.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Додека првично книгата овозможува подобро да се разбере минатото (но и сегашноста) на вашата земја и Балканот, историјата која тотално ми беше непозната, на втор план, е параболата која се развива за иднината на народите во периоди на трансформации, а може да се однесува и на целото човештво.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Тоа е и моментот во кој се отвора политичкиот контекст на делото, подоцна заокружен со Симонивите нејасни врски со политичката елита на Македонија како и со приказната за партиски поделеното и раскарано село, но дневнополитичкото милје, иако препознатливо, ни во еден момент не се наметнува самото како слика на современиот момент, туку пред сѐ, преку поврзувањето на минатото и сегашноста, се стреми кон воопштување.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
- Ние сме пак истите. - Меѓу минатото и сегашноста се урнати мостовите - суморно рече Арсо.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)