Универзалноста на 0 и 1 во магијата и религијата - Јин и Јанг, - денес се манифестира во дигиталните сигнали, двата бита кои се во основа на примената на сите дигитални програми во светот на нашите мозоци и во нашите оперативни дискови.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Сатори во хармоничната комуникација човек- компјутер, како резултат на бескрајните регресии во мета- нивоата на авторефлексии, е награда за совршената концептуализација и реализација на идеите.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Немаме потреба да ги определуваме како степени на вертикалата, то ест нема да го мериме нивниот удел во симулацијата, претставувањето и реализацијата.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)