— Значи, кој ќе ја извлече подолгата, подолг му бил животот, а кој ќе ја извлече покусата — покус, а?
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Еве да се предадеме, но ќе треба уште овде да се договориме како ќе се браниме на судот; барем едниот да излезе надвор и да им објасни на војводата и раководителите дека не сме криви и како попаднавме во оваа клопка.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
На плажата влегува заедно со другите деца и раководителот го учи да плива.
„Зоки Поки“
од Оливера Николова
(1963)
Макар што кабинетот му беше во подрумот на поликлиниката, тој бавно но сигурно се искачуваше по излижаните скалила на хиерархијата во зградата на струката - од асистент до предавач, без амбиции да го замени пензионираниот шеф на катедрата и раководител на клиниката, за што и така немаше да наиде на поддршка ни кај колегите ни пошироко.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)