и (сврз.) - проклетство (имн.)

Сите победи и проклетства се испишани на бајраците.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Во животот на Татко читањето можеше да се смета за свет чин, можност за излез и спас од балканското варварство и проклетство.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Знамињата се толку окрвавени и извалкани што не вреди дури да постојат.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Многумина оваа немирна и постојано променлива балканска граница помеѓу Истокот и Западот ја сметале како причина за трагедија и проклетство.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тоа е уште еден доказ за моќта и проклетството на судбината.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Лапај и грабај, утре ако сака и попот нека не покрие. Алчност и проклетство. Да.“ „Раскажувај.“
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Откако се знае во царството наше за одајата кобна (за која голтка знаење ви преподадов веќе, о жедни), со ин и неразјаснет запис, и откако таа одаја и записот се поврзуваат со проклетството кое го било царството и најдобрите колена во родот негов, се знае: додека не се разбере што говори записот, каква ука дава, нема да има мир и спокојство, и проклетството ќе виси над градот и царството наше.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
„Други зборови и гласови покажа, друго значение, и сосема е јасно, од она што го видов – зошто врз царството поразии и проклетства паѓаат“, рече.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Кога се моли во ќелијата, се моли да престане и проклетството на оваа негова интернација, но и тој грозен сон.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
„Можеби”, си рече, „зашто идејата на пеколот постои секаде освен во јудаизмот”, иако и стварноста, не само апокалиптичниот сон го враќаше на идејата на пеколот.  „Можеби пеколот е еден голем карцер во кој се останува до крајот на животот.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)