и (сврз.) - правило (имн.)

Да не прозвучи суетно но јас навистина сметав дека и во крутите околности на системот постојат прифатливи решенија за онаа личност која ќе соумее да се постави така за да може да се придвижи и надвор од правилата.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Не го сторив тоа ни оној ден кога свесно одбив да бидам „унапреден“ во доделувач на пофалници и на други одличија со кои ќе требаше да им ги украсувам градите на оние поединци од стадото кои ќе прифатеа дека единката нема потреба да размислува за појавите и настаните за кои Партијата има одамна веќе стокмено одговори и распишала рецепти и правила.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Филмот Давење по броеви е претрупан со нив, а насловите како Замоците од шпил карти в зори, Големата Игра на Смртта, Крикет на обесениот, веројатно асоцираат на игрите и правилата на судбината, на еден ментален Тарот.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Праведниците што ги почитуваа заповедите и правилата на крајот на приказната можат да се наречат и губитници!“
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А згора на тоа листот не ѝ го донесе којгоде туку лично другарот Ѓорѓи Смокот, оној поединец кој според своето умеење, иако по наредби што доаѓаа од повисоките фактори, воведуваше дузини и дузини промени и правила на однесување во нашиот нов живот.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)