А и кулата за градскиот саат, која беше довршена и го доби на врвот саатот довлечкан од Сигет, ги крунисуваше тие дела за гордост и пофалба.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
А трудот, а добрите намери, а големите очекувања, а благодарностите и пофалбите? Прав и пепел.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
КОН ВТОРОТО ИЗДАНИЕ се случија Расказите, се случија читателите и пофалбите со кои ме опсипаа.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Отец Стефан истапи чекор понапред, погледна во Филозофот со нескриен жар во очите, оти жеден беше за слава и пофалба, па прослови: „Ноќта откако логотетот ми издаде заповед и замина на спиење, јас влегов во храмот; калем зедов и книга, и црвило, и до полноќ се обидував да смислам писмо ново, букви подобни за владетелот наш.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)