Истркалани канти со маслинки, истурено маслиново масло, смокви и портокали, слатко од лубеници.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Харинги, маслинки и портокали што нашите роднини кои живеат таму ги праќаа како поздрав по секого што ќе дојдеше кај нас.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Ако не ви е јасно, јас ја носев најголемата торба, а се подразбира дека ден денес ги жалам коледарите со полни торби ореви, костени и портокали.
„Кревалка“
од Ристо Лазаров
(2011)
Митра го извади и другото заирје од торбите и виде оти Стојо ништо не заборавил, та дури донесол неколку лимуни и портокали.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Го вареше утринското бело кафе, цедеше лимони и портокал, нашата вечна напивка.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
— Знам оти невестата Доста е мајстор за готвење, та ако ѝ требат ете, и тоа купи, — рече Стојо, правдајќи се за лимуните и портокалите.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Ми жубори вода од некаде, се цедат скршени лубеници и портокали, се точат ладни бози и газози.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)