Еден важен аспект на тој нула-димензионален начин на мислење е откажувањето од нормите, прифаќањето на енормитетите - јас повеќе претполагам да кажам енормитет отколку хаос - енормитет кој го напушта секој закон и поредок...
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Од неизвесности составен и од осама, Македониј ги изучувал градбата и поредокот на бестелесното и имал дарби да разговара само со она кое се случувало векови и векови потоа. MARAN ATA, кога извикал патријархот, Македониј си ги собрал солзите свои во крпчето свое и рекол: одново згрешивте - ме проколнавте, но ме возгордеавте и сега ќе ме замени следниот кога веќе никаде не е оној кого само вие го гледате насекаде. ***
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)