и (сврз.) - познавач (имн.)

Емигрантот, сега талкач, Кабаков сега живее во Њујорк и познавач е на сите аеродроми.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Во тоа време, некако со тивката побуна на селаните од намуртеното Кукулино и од Побожјане, Кучковица, Мирковци и трите осамени куќи над Јанакан, некој доселеник од Измир, Селџик-бег, по татко Турчин, по мајка Ерменец, осиромашен куц поет, запишувач и опишувач на обичаи и познавач на народи и балкански јазици, застанал на страната на ограбуваните.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Фаик Коница имаше голем број европски пријатели, големи ерудити и познавачи на Балканот, на народите и јазиците, кои го почитуваа и беа готови да ги бранат неговите идеи во полемиката.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Чекајќи брашно, и самите лути или замислени, и самите врзани за испуканата земја на недарежливите ниви, понекогаш дочекувале пребој. Не за добитокот. За себе, за софрата.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)