Беа убедени дека ќе тргнат на простор уништен од силните авионски бомбардирања, артилериската подготовка и поддршката на тенковите.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Првите обиди на новодојдените османски засилувања не успеале да го задушат востанието и покрај силните репресалии над населението.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Востанието имало големи симпатии и поддршка кај сите села од утоката на Бистрица во Солунско, па дури и во самиот Солун.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Во Југославија, во врвното раководство, кое го означуваше крајот на Титовата генерација, со аманет да го сочува самоуправниот социјализам, братството и единството, како и неврзаната политика, веќе се насетуваше центрипеталната националистичка контаминација.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Во тогашен Тунис, во кој завршуваше владеењето на еден од основачите на неврзаноста Хабиб Бургиба, но кој никогаш не ја прикриваше својата апсолутна приврзаност кон САД (крај работниот стол ја имаше сликата на тогашниот претседател на САД Роланд Реган, покрај онаа на Мандес Франс), новиот претседател Бен Али, по историската поддршка на раководството на Југославија, всушност ја добиваше и поддршката на неврзаните, која овие земји бездруго му ја должеа на Бургиба.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Како и ронинот кој нема свој клан, жената- професионалец често се чувствува исклучена од кланот во фирмата или претпријатието, без сојузници и поддршка.”
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
По ова, Јаневски не можеше да си го наплати своето парично побарување.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
А како причина плус за ова, покрај ликвидацијата,5 се јавува и смртта на сопственикот на СТД „Јасмина“ – со што настанува фактичка состојба, поради која не може да се оди понатаму со присилното извршување на побарувањето, кое иако правосилно и извршно, станува ненаплатливо.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Лошото искуство кое го има претрпено го одвраќа и од активирање во полето за заштита на работнички права, како и од самото учество во облици на протест и поддршка на работниците. ***
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)