и (сврз.) - поврзаност (имн.)

Ако се разбере инаетот како затворање, стегање на душата, севапот претставува нејзино отворање, отпуштање.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Камилски инсистираше на посебната условеност и поврзаност на атерот и севапот, макар семантички антиподно поставени, потоа и на постојаната актуелност на рушветот и калаузот кај Балканците.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Хиератички, ритуални кај него не се суштествата, туку формите, кои ја сугерираат сетилноста, јаснотијата и поврзаноста со среќните кукли, кои се појавуваат во неговиот свет.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Настојував, колку што ми беше моќта на пишувањето и поврзаноста за Езерото, да ги сторам привлечни за славни поети, писатели.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Минувајќи убав дел од животот во вечно читање и проучување на француската книжевност, како дел од мојата професионална вокација, во текот на годината влегував во преписка со познати француски поети, есеисти и мислители, кои се канеа на меѓународниот поетски собир во Струга.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)