Напред колоната јаваше на зелен арапски коњ прилепскиот кадија и беглер-беј Арслан ефендија, средновечен човек на 40-45 години, строен Турчин, со одвај пробелени брада и коса, живи големи црни очи, долги засукани мустаќи, широко чело и плеќи, малку покус врат, добро угоен, богато облечен по ориенталски, со голем турбан на главата и сребрени пиштоли за појасот.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
И нашето тело ненадејно станува лесно, преминува во убав ветер; ненадејно, ние стануваме двојни: надесно, рака - налево, рака; надесно, нога - налево, нога; страни и уши и очи и плеќи не граничат со останатото.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Дедо Васја умре. Дедо Васја лежеше во гробот со вовлечена глава и плеќи, со силно истакнатите јагодици на лицето и со впаднатите очи, клепките како семе од тиквите. Во рацете гореше свеќа.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Во алиштата искинати – испарталавени, речиси голи, со изгорени градници и плеќи, неизбричени, нестрижени, разбушавени, неизмиени, испиени во лицата, пропаднати во очите, бетер и од најслабата крава или магаре.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Дождот сѐ повеќе се засилува, но Богдан не станува од клупата под борот, пробивајќи се низ короната му паѓаат јадри капки на главата и плеќите, му ги пробиваат алиштата и му ја влажнат кожата ширејќи му благи трпки по телото.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Некогаш само малку да му ја свртиш браздата, си мислам, само малку да му ја скршниш водата, и плеќите ќе си ги најдеш кај мевот.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)