Пепел и плева грабаше од водоскоците жито што во гумната на Имотот и чифлизите еден за друг прскаа право пругоре (раетините го вееја житото а спахиите, во сенките на дрвјата и во сенките на новите копи што со секој изминат час нараснуваа и нараснуваа, се сладеа со шербет, студена вода и татли кафе) и ги развеваше на сите страни, па воздухот во Потковицата беше исполнета со пепел и плева, со мирис на младо жито и тишина.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Прст и плева, што се вели, и без пукање ќе нѐ изгази.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Ау, прс и плева, мори, Чано, сау Игејци! Пули, пули! Ги истераме којнте, волоите, бишките, кокошките, са кундисаме ниа! ќе откашеше Тина. Коуку клетви уд виа живутинките, за греота! додаваше.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
А ваму вошки - прст и плева. Ќе застане човек спроти тебе, ќе зборува нешто за нешто, и само ќе кине меса со ноктите.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Не можеш да се доближиш. Прст и плева.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)