Помеѓу ретките позитивни промени вреди да се истакне валоризирањето на степенот на образование при утврдувањето на основицата за пресметување и плаќање на придонесот за пензиското и инвалидското осигурување.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Трето, ако ефектот од намалувањето на придонесите и вклучувањето на претходните исплати на работниците за хранарина и превоз во основицата за пресметка и плаќање придонеси е повеќе или помалку ист од гледна точка на работодавците, од гледна точка на работниците ова преструктуирање значи намалување на висината на нивната идна пензија, поради намалувањето на процентот на придонесот за задолжително пензиско и инвалидско осигурување од 19% во 2009 година, преку 16,5% во 2010 година, на 15% во 2011 година (чл. 25, 30 и 31).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Но, од друга страна, преку воведувањето на системот на бруто плата, односно со вклучувањето на претходните исплати на работниците за хранарина и превоз во основицата за пресметка и плаќање придонеси (чл. 14), поволностите што ги донесе ЗПЗСО за нив во голема мера беа неутрализирани.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Како такви прашања се: критериумите за одење во пензија (возраст и стаж на работникот), правата на работниците-инвалиди со преостаната работна сопственост, одредбите кои се однесуваат на стажот на осигурување и, во одредена мера, утврдувањето на пензиската основа и основицата за пресметување и плаќање на придонесот за пензиското и инвалидското осигурување.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)