и (сврз.) - планина (имн.)

Метрите ни се чинеа долги како километри и кога излеговме на чистина, кога пред нас пак почнаа да се редат оснежените ливади и планини, тогаш се успокоивме.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
И тревите, цвеќињата и планињето - не спиеја таа вечер.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
До ковчегот, водарник со леѓен за миење и казанче за вода обесено над него со мало славинче; стомна, ѓум, матарка што татко му во свое време ја донесе од на фронт, целата исчукана од влечкање по ровови, а потоа и овде од носење по полето и планината; тепсија на која сјајот ѝ потемнал и ги покрил арапските шари на неа; над водарникот обесено парче огледало како месечинана на погибеж, прекриено со прашина и слепо; на спротивниот крај од креветот, ниска, правоаголна печка со четири нозе од кои едната е окуцана и потпрена со тула, со две тркалца на неа, - гусани обрачи што се вадат при готвење, и целата 'рѓосана; на неа оставено газиено кандилце како на гроб; на дрвената кукалка во ќошето обесена гајдата од татко му, провисната со писката и брмчалото надолу, како обесена овца; останата по смртта негова за да му го чува последниот дуеж во неа, неговата душа.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Кучето не се двоеше од него и каде одеше тој и тоа одеше по него: по полето и планината.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
III Комисијата неколку дена ги обиколуваше терените околу селото, се качуваше по бреговите и планините, срамнуваше со картата, маркираше.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Војниците му застануваа со колената на нозете, на слабината и на главата да не прета; и додека тој рикаше беспомошно и силно што оѕвиваше селото и планината - касапот ќе му го зариеше ножот во грлото, риејќи низ него додека му го пресечеше гркленот; кркореше бикот, шикаше крв на сите страни стркајќи ги војниците, се виреше крвта во локва и правеше црвена браздичка која истекуваше во езерото зацрвенувајќи ја водата.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Голем број градови, реки и планини добиле словенски имиња.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Прескокнував полиња и планини со Шарецот на Марко Крале, влегував во студени меани, кршев синџири, ослободував робје...
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
- Ама не сфаќај ме лошо, војводо! И ти и Бојан, и планинава и твојот добиток, и кучињата, мили сте ми, премили, но ова не е мој свет.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Пее птицата, се истура, што се вели, како сите полиња и планини да ѝ се ставени во гласот. 11.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
А во меѓувреме, ја расипаа црквата што се наоѓаше во манастирот и од неа направија клуб.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Потоа долго во ноќите, гледајќи во мракот, ги гледавме лицата на нашите најблиски, ги гледавме нашите ливади, кориите, ридиштата и планините, чешмите, лозјата, реката и сонувавме, сонувавме и плачевме во сонот...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Илјадници ги преваливме ридиштата и планините, оставајќи ги зад себе куќите, нивите, ливадите, лозјата, шумите што ги имавме полеано со сопствената пот и оплодени со нашиот труд.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Од заробениот поручник дознавме дека целта на грчките кралски единици беше да го заземат селото Смрдеш и на тој начин од запад да ги опколат единиците на ДАГ кои држеа борбени позиции на ридовите над селата Косинец, Лобаница и планината Мали – Мади.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Претвори ме во облак, сакам да бидам најсилно, со својата големина да ги покријам и градот и планините.“
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Ноќта народот полегна на бреговите на Езерската земја А кога се разбуди забележа мирис на исгорено жито И многу смолница и планина скршена од магли.
„Камена“ од Анте Поповски (1972)
Долго, долго леташе Ластовицата. Сакаше на децата што живеат далеку на север, преку морињата и планините, прва да им однесе вест за скорото враќање на пролетта.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Полињата и планините покрај морето беа негови.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Знаев дека Билјана цел живот ќе оди, ќе се искачува преку сите ридови и планини, преку сите препреки што ѝ пречат да гледа подалеку.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Така и беше: како што растеше, така сѐ повеќе дома не се прибираше: скиташе по околните места, брда и планини.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
И така цел ден. Ноќта му налета Северецот, и се грабнаа. Ечеа ридовите и планините.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Тука се, по многу години, неверојатно, тие, неговите луѓе се тука, тие ќе го вратат на Земјата, родената земја со морињата, синото небо и планините.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)