и (сврз.) - печка (имн.)

Со време ја довршив куќата, ја затворив, ја џамосав, ја варосав, ставив душеме, постела и печка.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Дури и печката гореше некако без шум, иако беше целата усвитена.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Веќе е студено во собата а и печката е оладена.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)