и (сврз.) - пепел (имн.)

А трудот, а добрите намери, а големите очекувања, а благодарностите и пофалбите? Прав и пепел.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Постелата му мириса на излачениот страв.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
И пак: Додека луѓето во страв и ужас се криеја, по келарите од куќите и најдлабоките засолништа, од милијардите ледни погледи на сивокрилните Сили што го затемнија небото, оние малкумина меѓу нив што не најдоа засолништа и се затекоа тука, гледаа во чудото што се случуваше пред нивните широко отворени очи, зашто силна светлина бликна од Светијата над светиите и пред неа се отвори тешкиот превез од прашина што надоаѓаше од пустината, а потоа се раствори и сенката на крилестите Сили што светлината ги претвораше во пламен и пепел штом ќе ги допреше, додека нивните трипати свиени шофари паѓаа во снопот, се палеа од неговата огнена сила и се спепелуваа како и крилјата на сивокрилите летачи што ќе ѝ се најдеа на патот на чистата светлина, додека спржените ангели со ледни очи крескаа во ужас и паѓаа одгоре и допламнуваа, превртувајќи се низ воздухот како огромни пеколни факли, а светлината што бликаше од скутовите на Храмот отвораше пат, угоре, кон чистото небо, та тогаш оние од Израилот што го видоа тоа чудо на светлиот пат што ја спои утробата на Храмот со разгрнатата порта на Небото, посведочија уште едно чудо во кое, полека лебдејќи, по патот на светлината почна да се искачува арката на Заветот со Законот во неа и фати да се оддалечува и се упати кон портите Небесни и кога овие ја примија се затвори капијата на Сводот, превез од темни облаци го препокри затвореното небо, а зракот од срцето на Храмот полека почна да слабее сѐ додека наполно не згасна, та во Светињата над светитите ја немаше веќе самата Светиња во која престојуваше Зборот Божји, а за земјата немаше веќе Законот Негов, само студениот ветер на темните Сили...  Доктор Корец ги отвора очите.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Иако не умее да ги прочита, Константин знае што тие означуваат: тоа се еврејски записи на имињата и презимињата, епитетите, датумите на раѓањата и на смртта и епитафските пораки на надгробните споменици од луѓе закопани, некои и претворени во прав и пепел, на штипските еврејски гробишта, од тој бизарен мермерен мајдан на завршени човечки судбини, од тој неколку стотици години стар скаменет дел од штипското градско сеќавање од каде се земени старите надгробни плочи на вознемирените покојници и се вградени во основата на базенот од Кежовица, бањата со лековити термални води.  Тие води не му помагаат на Константин.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Само еден знак од мене, сево ова прав и пепел ќе стане.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Потем логотетот се созеде и почна со зборови најгнасни да фрла по сите нас, освен по Лествичникот; рече дека ќе нѐ распушти, дека ќе нѐ прогони од царството, дека имињата ќе ни одземе, прав и пепел дека ќе нѐ стори, дека за опашки од единаесет коњи ќе нѐ врзе и ќе нѐ влече сѐ додека трае животот на коњот, дека главите наши на кол ќе ги надене и на ѕидините од градот ќе ги истакне, како бајраци на срамот и лицемерието, на неверноста кон себеси, како пример за тоа што ќе ја снајде устата што говори она што не говори душата, и тоа пред тронот владетелски, царски!
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
7. На отец Стефан, по понижувањата што му ги нанесе Филозофот, само една мисла во главата му престојуваше: да ја здроби, да ја уништи, да ја спали, прав и пепел да ја стори штичката што говори.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Земјата растлеана жива пуза, отворена гладна уста со стрми суводолици, со реки од прав и пепел.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Најпосле се проѕевна и се извлечка од војничкиот кревет, ги истресе отпушоците и пепелта од облогата на шлемот и го стави на глава, така што му ги прекри очите.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Оние, будните крај купиштата жар и пепел, мислеле дека ништо не се менува освен движењето на ветрот, ништо, ни двајцата вкочанети - Онисифор крај зинатиот гроб и Онисифор зад насобраните гранки, секој од нив во исчекување другиот да заспие за да го стори она што мора да го стори со мртовецот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Мавале доаѓајќи и се распаѓале во прав и пепел за иднината, могила или тулбе на она што било и што ќе е трева или куп непознати цвеќиња со горчлив мирис на смртта.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Светлоста на огнот полека се менела - потемнувала и ослабнувала, станувала дел на ноќта.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И сето тоа, жив оков во оков, се стеснувало и се ближело без доаѓам, немо; најпрвин ќе удреле едни и тој ќе станел несуштествување а тие слеаност во точка, и другите да доаѓаат и да стануваат дел на точката, сите - скорчавите костури, призраците со кациги и штитови и костурите со чекани.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Дедо му на мојот дедо го запалиле кога умрел и пепелта му ја закопале во четири дупки. Не се повампирил.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Самиот долго верувал дека ги знае сите тајни на човечката историја и со таков глас цимолел нешто за вториот живот што Онисифоровото срце пребрзо зачукало, застанало за миг исплашено, пак почнало со удари да ги брои миговите на човековиот век.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Ами чисто салце, вели Маса Ќулумоска, и малку шамачна рогузина да се изгори и пепелта да се замеша со салото, ко мевленче да се направи.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Еда, како да се напијам, велам јас, гледај сето е жарје и пепел, да му бам мајката, еда, јас немам цедилка на устава.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Кога во светлоста на пламенот ќе видиш што се криело во одајата ќе станеш и самиот жива светлост, потоа како и пред тоа, ќе си мрак и пепел на својот мрак, ја сфаќа таа за него обична вистина и се насмевнува, мислиш знае што ќе види во одајата кога семоќниот оган ќе ја започне својата игра.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
48. КОГА МНОГУ ГРМИ, МАЛКУ ВРНЕ - море, врне и истура страв и трепет, немајќи си заслон да се згрнеш ќе гориш, ќе се сториш прав и пепел... малце и подналути се, но зло да не сториш!
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Но ерупцијата продолжила уште посилно, и покрај лавата и пепелот, исфрлал и смртоносен јагленороден диоксид од кој започнале луѓето да се задушуваат и трујат.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Тече оваа река по твоите натколеници нагоре и ако некојпат останеш без небо ќе израсне мостот повисоко од сите векови и пепелта твоја да ти се поклонува.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Нејсе уште понајнакрај и кого ќе пцујат и против кого ќе се бунтуваат Сите оние кои сркнале од американската мирудија во секоја чорба И го виделе аирот од извозот на слобода и демократија Макар што нивните татковци сѐ уште ги паметат Трумановите јајца во прав А прав и пепел им се стори слободата сосе животниот стандард А децата им се познати по тоа што во својство на стечајни работници
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
- Направи пауза отец Иларион и продолжи: - Душата е корен во човекот; како што од коренот на дрвото се храни стеблото, гранките, лисјата, плодовите - така од неа се храни телото, видот, слухот, говорот, волјата, свеста и сè што човекот има; таа е извор од каде сѐ почнува и сѐ враќа; огледало севидливо; владател и роб; таа е целина како сонцето; сеопшта суштина; сила што обновува како соковите што го обновуваат сувото стебло давајќи му нови израстоци; таа е бунар во кој водата е матна или бистра, мирна или замрешкана; светлост затворена во пештера од крв и месо; зрачи, или потемнува; пламен и пепел; камен гранитен или прашинка; оган кој дур е под контрола е благодет, а потоа пустошник; какво тело носи, таков лик има; со менување на телото, и ликот си го менува; по неа се чита и открива човекот; често е читлива, а често загадочна; некогаш ти допушта да ѝ се вдлабиш и да ја видиш, а некогаш за миг ќе те заслепи како поглед во сонце; некогаш е живо железо што тече, поток без форма; кораб на отворено море; пространство огромно, но и теснец затворен во тајните свои; нѐ држи цврсто како градба, верно нѐ придружува, но не знаеш во кој миг ќе нѐ изневери...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
- Прав и пепел ќе нѐ направат! - За тоа ќе видиме.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Секоја божја квечерина пројавуваш симптоми на алергија: прашина, минато одминат живот а каде без неа, кога сѐ е всушност, прав и пепел - од книгите до стварноста  па и тоа малку љубов што го имаш предизвикува астматичен грч психосоматски задув а ни морето не е тука да се прочистиш од талогот!  Правта е овдешна вечност - премин во метафизика.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Ќе се фрлиш за прв пат главечки, ќе пливаш само за себе butterfly, ќе плуташ, ќе нуркаш оддалеченоста од брегот ќе ја одмеруваш по пробивот на сонцето, ако го има по работата на срцето по подноктиците перките и алгите по трагите од морските пци ќе ја унапредуваш техниката отскок на површината во последен миг неверна кон сѐ кон животот посебно: ќе палиш огин и ќе голташ жар и пепел во ждрелата на оние кои во тебе гледаат неидентифициран плод, увод во гревот зашто другите, одбраните, некаде далеку ѕемнат во истите ноќи, подоткриени јазикот го вадат од мрзеливи легални усни и скришум ги бришат своите благоглаголливи:
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Прав и пепел Признание: „Прав и пепел тоа е она кое останува на крајот она кое било искон тело, збор, жена, хаос и кое не ни бега, тоа е сѐ освен зборот!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
2. Одење по печурки По рабовите на шумичките сенка гром, заблуда душевна поглед кој бара нешто нестварно стварно нешто кое има облик, но варира чудовишно мошне пошашавува под шишарките под игличките, трњата, папратта под правта и пепелта.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Прашумата имаше боја на гума и пепел, заради долгите години без сонце. Имаше камена и мастилеста боја.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Ќе се фатиш вака за лице, за коса, и пепел ќе си најдеш во рацете.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Дали прав и пепел се правеа на небото? Михајло!
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)