Сакам да ја калам волјата на возвишености, на непредвидливото и недофатливото, на крупни мисли, да одмавнувам на секојдневните кавги, во срцето да носам свечени двобои и пелерини.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Седум генерали, ни големи а ни мали, под еден се мустаќ тежок; раце шират - в преграб жежок го стискаат царот питач, со него и принцот клепкав, царицата боса, лита, принцезата нос што чепка, танка и со фустан скинат, и уште и песот царски, со некоја муцка луда, но со меч и пелерина...
„Најголемиот континент“
од Славко Јаневски
(1969)