Колку што изложбата беше исцрпна, исто толку и нејзините организатори - Понтус Хултен (консултант за современа уметност во Палацо Граси) и Џенифер Гоф - Купер и Жак Камон (трудољубиви Дишанови изучувачи цели 15 години) - беа брзи во пренагласувањето дека намерата не им била да направат преобемна ретроспектива. 104 Margina #4-5 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Промената во стилот на Мартинс може да се демонстрира со споредба на трите нејзини скулптури сочувани во колекцијата на Museum of Moderna Art, New York: “Christ”, (1941) е скоро 2 метра висока фигура изработено во едноделно парче дрво, а The impossible, The road, The shadow, Too long i Too narow (1946), се бронзени скулптури јасно инспирирани од мистиката и се во инхерентно надреалистички стил (за репродукции види во: Painting and S2culpture in Modern Art, на Alfred H. Bar, 1977, стр.313).
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Изложбата и каталогот се така уредени да го презентираат животот и опусот на уметникот на еден јасен и систематичен начин, избегнувајќи ги елаборираните теоретски конструкции и произволните интерпретации што ги карактеризираа студиите за Дишан во последниве три декади, и кои всушност го спречуваа нашето разбирање на делата на овој уметник.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
За некои биографски детали изнесени овде, должник сум ѝ на Ненси Дефенбах, која го истражуваше животот и опусот на Марија Мартинс неколку години пред тоа, и ми овозможи да ја консултирам хронологијата што таа ја подготви.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)