Продадоа оки и оки вино, цели череци сува пастрма, грнци и земјени тави се трошеа небаре полни со алва, ама, а Петре ќе стореше чекор в лево - и измеќарот правеше чекор в лево, а в десно - и тој по него.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
— За стариот, — вели, — му месиле обете ќерки по една погача, му осукале и мазник, па јас реку да му донеса и тутунец, ракиица, стар човек е, да се поткрепи.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Во торбите, покрај двете, погачи една две кокошки, еден мазник, потерата најде и две оки тутун, ока шеќер, ока ракија, та дури и ока локум.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)