Околу господарската куќа се чуваше добитокот, понатаму беше гумното и сламата, бавчите и нивите, јазовите - детскиот рај за летно капење.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Селанецот не ја разбира ревољуцјата, та и келку сакаш ти нему објаснувај, тој пак ќе ти меле за волови, овци и ниви и... да ви кажам дека по победата нема да има селани, ами сите ќе бидеме пролетери со две силни раце со кои ќе работиме за големото дело на комунизмо...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Во тоа поле треба да има луѓе, чунки гледам како да има ливаѓе и нивје“.
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
Во неговите подножја, на горниот крај на ливадите, се најдуваат Драмчески Извори, кои се излеваат направо во ливадите и на тој начин, излевајќи се во нив, ги прават постојано зелени и питоми, па жителите на Потковицата сиот тој предел, ливадите и нивјето, го викаат Питоец.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)