и (сврз.) - непријател (имн.)

Тоа треба да се смислува во секоја реченица, без извесности, без апсолутно осигурување.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Испаѓа (со многу тешкотии за кои на ова место и сега не можам поподробно да зборувам - за тоа стануваше збор на други места, па и во текстовите од неодамна Du droit a la philosophie, Cirkonfesija и L’autre cap), испаѓа, значи, дека сум се родил, како што рековме, во склопот на европската преференција, давајќи му предност на францускиот јазик, народот или граѓанската припадност, да не наведувам други примери, а потоа и во преференцијата на ова време, на она што го сакаме, семејството, пријателите - и непријателите исто така, се разбира, итн.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Да се објасниме. Нашите читатели веќе знаат дека Цариградските друштва „Братство“ и „Македонска дружина“ во весникот „Право“ објавија отворено писмо до г. Мариновиќа (Јован Мариновиќ, српски министер на просвета) во кое ги осудуваат дејствијата на односното српско министерство и се жалат од српските пропагандисти кои сеат раздор меѓу српскиот и бугарскиот народ и наместо браќа и сојузници создаваат противници и непријатели.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Следејќи ги наредбите од Атина, органите на грчката црковно-училишна пропаганда во Македонија уште од порано се ставиле во служба на турските власти и многумина од нив се претвориле во опасни доушници и непријатели на Организацијата.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Тоа јас добро го видов на фронтот: додека траеше затишјето меѓу нас и непријателот, тие рикаа во шумите, се давеа меѓу себе.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Многумина геј- мажи, а и низа нивни пријатели и непријатели, одамна насетиле дека она по што геј- мажите се разликуваат од останатиот свет е нешто што далеку ги надминува сексуалните склоности и практики.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Но тие не го заборавија кога нему му беше мачно во животот, при неизвесната семејна судбина Кога мораше да го докажува својот сложен идентитет во повоените упростени времиња на црно-белиот режим кој почиваше врз брзи норми на поделба на пријатели и непријатели, на брзи и немотивирани интернации и ликвидации, тој најдобри сојузници имаше во книгите.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Нѐ чека голем и светол долг: да се сотре тиранијата и непријателот. Да се отфрлат оковите и јаремот тежок!
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Нашиот очај само го куражи ѓаволот и непријателот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)