и (сврз.) - наследство (имн.)

Во јазикот има одделни гласовни знакови или зборови за сите мисли, чувства и желби на еден човек, затоа јазикот на еден народ е негово духовно богатство и наследство во кое се заклучуваат отпечатени во гласовни знакови или зборови сите народни мисли, чувства и желби со коишто има живеано и живее еден народ и коишто се предаваат како нешто свето од едно поколение на друго.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Неоткриениот збор името на она пред „смртта“ е прекрасен немир кој ќе нè врати во Стоби или на друго место во историјата и наследството на Земјата;
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
- Нема завршено за лекар, - рече игуменот, - но има дарба и искуство... - И наследство... - рече отец Иларион.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)