На поплочена плоштатка пред црквата, во камено корито, низ железна шепурка, живо и осамено истураше чешма, а во неограденото и заедничко двориште на црквата и населбата, околу кошарки од врбови прачки, кои беа начепени со лепешки измешани со плева и помеѓу кои се шеташе живина, шумно се роеја улишта.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Во едно зелено катче од Изложбата, заокружено од сите страни со дрвја, се забележува една импровизирана негарска населба, слична на тие во Централна Африка: наоколу густа прашума, испресечена со реки, а на една чистинка и населба: сламени колиби со бамбусови дрвја.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
А тогаш сите заедно ќе се вивнат, ќе запловат, ќе јурнат, ќе се размавнат, ќе скокнат и ќе полетаат кон Сонцето, Месечината, ѕвездите, ќе појдат над Атлантикот и Медитеранот; над полињата, дивината, градовите и населбите; кон спокојот на небото, со раскрилените пердуви, трескавичниот шум на телото од леталото, ерупцијата на вулкани, во застрашувачката, трескотна грмотевица; отпрвин трепет, колебање, потоа возлет, издигање, чудесно наднесени ќе се засмеат и ќе си ги провикнат имињата во просторот.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)