и (сврз.) - намера (имн.)

Како Султанот на Шехерезада, СНН ќе обезбеди оправдување на едно место да се собере разновидна збирка од анегдоти, факти, апокрифи, фикции, визуелни, музички и аудио фрагменти, непотполни проекти, недовршени филмови, моментни грижи и намери.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Трепнежот од пламењата на свеќите му ја бришеа трагата и намерата.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Искушението му е облека; под неа се, и желбата и намерата, е куп искушенија ...
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Како тоа наеднаш, се прашував, најпофалуваните и најсаканите простори на желбите и намерите на мајка ми, се престоруваат проклети места што нудат толку малку надеж?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Оваа противречност па дури и неправедна осуда на еден цел живот морам да признаам дека ја окарактеризирав како црн знак што ја краси судбината на несреќните.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Тие ја намирисаа неговата намера за српското мухамеданско царство, та му припишаа и намера дека тој сака да стане цар на тоа царство, па организираа заговор против него и на 11-X-1579 година тој беше убиен на ѕверски начин.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Сега, сосем оправдано, се поставува прашањето за мотивот и намерата на ваквото, на моменти и шесткратно зголемување на глобите – дали тоа беше искрената волја да се запре со перманентното повредување на работничките права, или, пак, да се наполни државниот буџет, и тоа од ставката на т.н. неданочни приходи.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Јаснотија ѕирка од зад синилото на хоризонтот. Јасни мисли, бистри, а на душа и намери чисти.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)