236 Во текот на припремите за операцијата Хелиум поради недостаток од оружје и воена опрема, а како резултат на големиот прилив на нови борци, било одлучено од страна на мисијата Spike “сите пратки од оружје и муниција за Македонија ќе одат за Brasenose кој има три илјади невооружени повторувам невооружени луѓе.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Од средината на мај до август 1941 година главната активност на четниците се состоела во планирање за вршење на мобилизација, собирање и уредување на скривници за оружје и муниција, опрема за врска и друго.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Неуловливиот комита е меѓу своите другари во изградбата на првата фабрика која за народната борба ќе произведува оружје и муниција.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Треба да знаете: кој се бори за слобода, не умира дома на постела, тој ќе умре во борбата.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Со Ема работевме во хангарот исполнет со табли изрезбани во вид на луѓе, куќи, камиони, мети со фигури направени од сунѓер и гипс, со дрвени модри сандаци за оружје и муниција.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Ете ви среќа, храна и муниција.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Сите германски и италијански камиони, кои врвеа по друмот, носеа храна и муниција, застануваа пред анчето и тука војниците пиеја.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
- Кој нема круша нека си земе! - заповеда командирот Планински. Бомбите и муницијата беа разделени.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Утре, на 12 овој месец, поручек ќе мине една колона од автомобили со храна и муниција од Кичево за Струга.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Во селото Крњево немаше Турци, ама за беља доаѓаше почесто дружината на Гоце Делчев, често ни оставаше тука оружје и муниција, а ние моравме да ги криеме.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)