и (сврз.) - моќ (имн.)

Ако тргнеме од тоа дека културата не се учи само преку јазикот, туку и преку невербалните постапки со кои се изразуваат емоции и ставови, но најмногу преку специфичните кодови кои често знаат да продуцираат и моќ, стануваме свесни дека учењето на културата е еден отворен систем во кој секој од нас го прима и пренесува знаењето на различни начини...
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Мислиш дека јас зборувам за власт и моќ, а дека не сум во состојба да го спречам распаѓањето ни на моето сопствено тело.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
А еве што било напишано во врска со настанот во еден угледен лондонски неделник: Харолд (името на детето), кој живее со своите родители близу Лондон, по една сериозна повреда, целосно го изгубил сеќавањето и моќта да зборува во период подолг од еден месец.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Сето тоа лошо се одразува на иднината на Македонија, на духовниот пат на развој мора да посееме добро семе, оти: кој денес ќе посее оган, утре ќе пожнее крвава бура Сега доаѓам до еден мал одговор на сите овие прашања: Мора добро да се изостри погледот- до таа мера што ќе има моќност или моќ за опсервација, веднаш да ги види сите добри или лоши нешта, и моќ притоа да ги одвои едното од другото.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Сега, еве, најдобро што можев ја завршив таа задача, задача со која само посакав, на скромен начин, да го славам прочуениот монарх, на чија величина и моќ во науките на војната и на мирот, а особено во музиката, човек може само да им се восхитува и да ги обожава.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Главите на воловите имале на челата човечки грижи и, една зад друга, потсетувале на ред измитарени султани и паши во рамки, биле подјармени старчиња чии богатства, слави и моќи се слеале во кобна точка од која, пред да воздивнеш, ќе шурне црна вода и ќе ги поклопи сонливи и некогашни.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тоа биле поцрнети и исушени луѓе со опаки очи и без насмевка; некои од нив, со завиткани шамии и крпи околу главите и рацете како воскреснати чкулави Лазари што знаат дека само двапати се живее, се сеќавале на вчерашниот живот и на мракот во тој живот потежок и од умирачката, на тоа химерно џвало на кое ни стробјак ни џуџе не му бега, но светлоста на утрото обилно доаѓала од исток и ги бришела од очите на призраците суровите сеќавања.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Луѓето со најнеприфатливи гледишта најчесто се најотпорни на обидите да ги промениме.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Изгледа дека техниките на интерперсонална манипулација, контрола и моќ не го наведуваат несреќниот да биде среќен, депримираниот да биде радосен, избезумениот да биде смирен, дезориентираниот да биде ориентиран, конфузниот да биде јасен, заведениот да ги отфрли неприфатливите и да ги усвои прифатливите гледишта. Margina #21 [1995] | okno.mk 51
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Сила и моќ им даде на одмаздата, огнот, злосторството и смртта.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
И моќта на толпите се расплинува во поединци. Велат, поединецот е столб на демократијата.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Ситните црни плодови го зголемуваа богатството и моќта на Мегалон.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)