Суптилна елеганција на интимна катарза на душата, редуктивно извлекување од себе сѐ што е скриено, поттиснато, соголување на сите енигматски настани и моменти, екцесивна еманација на духот.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Таа утопија, таа нигдина, тоа од онаа страна на местото и моментот - ја претставува нејзината вистинска задача: вредни се само делата што не можат во целост да се протолкуваат со одговорите на прашањата „каде“ и „што“.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Страмежливо со рафинирана скромност елеминирање на секоја дивергенција, спротивставеност со надворешните дразби, кои ќе ја нарушат интимната исповед, покажувајќи ја мојата ранливост.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)