И тој и селото и ридиштата наоколу биле фатени во обрач на мрак зад чија граница можел тогаш да се стеснува нов обрач на онбашии, заптии, јузбаши, чауши, кајмаками, мулазими, кадии и секакви одбрани стрелци и мислители на царството, повеќето со измеќари, соколари или ќати, но сите со кубури, со долги или краткоклуни пушки, со јатагани, анџари, џилити и наџаци на чие железо со златни или со сребрени нишки е запишана муслиманската покорност пред пророкот.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Но сега, ова „козја контрареволуција”, оваа вистинска бела наезда, ги одложуваше, па дури и ги нарушуваше сите стратешки замисли на главните идеолози и мислители на партијата.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
За големиот поет и мислител, Конески, судбинското се плете засекогаш.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Ете зошто Гете ги повикуваше поетите, уметниците и мислителите да исчекорат од националните рамки во кои, соодветно на барањата на Хердер и неговите ученици, требаше да бидат затворени.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Жолчно надојдената ноќ од сите јами и од сите рани на животот го демнела на секој чекор со соништа што ги заборавил ослободувајќи се од треската и го присилувала да се движи со крадечка претпазливост помеѓу двоколките на кои, овде или онде, веќе спиеле неколцина.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)