И така, во намисувања за деновите на пониженост и миговите на гордост заради тоа што се успеало да се опстане и да се пркоси на сѐ што било туѓо, немило и недраго, омразено и мрачно и што било судбина натурена со туѓа рака и волја, си тече животот во тесната котлинка меѓу коњушниците, подгниените бараки, трите казани, прашливото џаде, камионите што двапати на ден пренесуваат ранети и оздравеници, лелеците и тажалките, полудените, падавичарите и црневицата расплакана, болна од чемери и исчекување.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Наоколу само ликови, сенки, зборови... итаат секаде а јас само таму некаде... каде се спојуваат бесконечноста и мигот... каде сенките се сенки и во ноќта... во одаите на скриените спомени во ходниците на копнежите... таму и она ништо е сѐ... а тоа сѐ е она што ти дава сила... за денот, за ноќта, сонот, за некаде каде никогаш не ќе појдеш, каде еднаш некаде... Едноставно, а незаборавно...
„Разминувања“
од Виолета Петровска Периќ
(2013)