Тоа беше празник на душата, празник на сѐ најубаво што беше таа, со сите свои копнежи и мечти.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Двете стоеја во паркчето под саат кулата се држеа возбудено за златното ланче околу вратот на Томе и страстно тонеа во своите младешки желби и мечти.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Во жолтата ја виде сета своја веселост, што со себе ја носеше зрелата младост кога најдалечните далечини и мечти можеа да се допрат со дланка.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Долгнавест муаџир со бербатна чалма несмасно навиткана, длабоко изгравиран со дебели нечисти брчки и со очи толку вдлабени во главата, та личеа на дупки во коишто одвреме-навреме проблеснуваа само белките, со лице исушено, глуждесто и аглесто, пушташе необични лаги, та оние што се тискаа околу него самодоверливо потврдуваа со главите или со поглед, верувајќи или сакајќи да веруваат во тоа што беше само убава измислица и мечта.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)