и (сврз.) - месец (имн.)

Напатена по Солун по туѓи куќи, слугинка, и таа, и мажот и, кој не се враќал со недели и месеци да ја види, сега Доста осети дека влегува во нов живот.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И Мише како Толета за поминатите неколку недели и месеци се чувствуваше како вистински Толев четник.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Тоа се држеше, ако не подобро, барем како сите други седум Толеви другари.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Актуелноста на овој исклучителен уметник последните години и месеци е проследена и со неколку книги и неколку значајни изложби кои го прикажуваат Гринавеј во уште покомплексна светлина. 34 Margina #8-9 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Мора да поминале многу недели, ако не и месеци.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Оттогаш минаа денови и месеци.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Да, истото она дете кое со Свирчета, со другарчето, дамна во детството, со една книжна двадинарка, со денови, потоа со недели и месеци, се качуваа горе кај онаа стара кооперација, државната селска продавница, за да купат една бишкота, она што денес го викаме, наполитанка.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Тоа. Сигурно тоа, во деновите, неделите и месеците што следуваа, некое време следната зима го внесе меѓу истакнатите активности за заштита и спасување на човековата околина.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Во октомври е и Детска недела, и Месецот на книгата, и Месецот на хигиената.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Тогива ќе да затрубат от небо седм труби ангелскии, и от тие труби ќе да се потресат небо и земља многу страшно, и ќе да падне слнце и месец и ѕвезди, а небо ќе да се свие како перде, и сите води и море ќе да се изсушат, а земља ќе да се запали да гори со силниј огин.
„Избор“ од Јоаким Крчовски (1814)