И овците и козите и дворот полн јагниња и јариња; и воловите Баљо и Сивко и кравата Белка и двата коња и мачката и кучето Шарко и крушата до авлијата и бадемите и оревите и костените во Стара Ливада, бавчите, лозјата и благотата во каците и виното во бочките и песните пеени на седенки и ората виени во широки кругови на вигната и тоа беше дома..
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Париз е познат по големата пасија кон кучињата, која е развиена, дури, како во приказните. Кучињата и мачките се заштитени со закон.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Кога тие ќе крадеа овошје по градините или зеленчук по бавчите, на него белјата ја фрлаа; и кога ќе врзеа куче и мачка за опашка или кога ќе им врзеа конзерви да тропаат по нив и панично мјаукаа и лаеа низ селото, на него белјата ја фрлаа; кога на селскиот добиток ќе му ставеа коњски муви и стршлени под опашката и тие јуреа и рикаа како бесни низ полето или сокаците, белјата на него ја фрлаа.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Се слушна пригушено смеење. Децата со родителите и мачката влегоа кај Митрови.
„Раскази за деца“
од Драгица Најческа
(1979)
Кучињата и мачките скокаа и се грабеа. Нивното тешко повраќање, ги разбуди игуменот и отец Иларион.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Задоволен од пантомимската претстава во изведба на страчката и мачката, авторот си го плати кафето и се упати на адресата на покојниот Едо Бранов.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Страчката и мачката се меркаа така уште некое време и, сигурно затоа што на страчката играта ѝ стана здодевна, летна во гранките губејќи му се од погледот на авторот, а мачката разочарано постоја така на гранката и полека се повлече во круната на дрвото.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Тој фантастично се плашеше од сонце и мачки.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Зошто сме толку вљубени во нашите галеничиња, што често постапуваме на начин кој е спротивен на нивната добродетел - на пример, облекувајќи ги кучињата и мачките?
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Тие закони првенствено се однесувале на домашните животни како стоката, и требало доста време пред домашните галеничиња, како кучињата и мачките, да бидат признаени за лична сопственост со тоа да стекнат правна заштита.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Ме сожалуваа. Бев дете и немав ставено дланка на женска дојка.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Ме заборавија кога Илчо Просинек почна да раскажува како бил млад роб кај некој трговец Евреин во Солун, слугувал, продавал газија, сапун, сол, суви риби, зашеќерени бадеми и урми, ги миел во саботните попладниња тркалата на стопановиот пајтон, ги тимарел коњите, метел, окопувал јаболкници и лилјачиња, прередувал ќерамиди, хранел пци и мачки и чувал кадрави деца.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Знаев дека и злото како и мачката, никогаш не ќе го повалиш на грб.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
А од левата страна имаше истакнато грди фотоси исечени од весници и списанија - превртени контејнери, расфрлен смет , околу кучиња и мачки бездомници, диви депонии, запустени дворови.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Додека се обидувам, осмиот месец од
оваа година, MCMLXXX
достоинствено да го започнам писмово до тебе
ја откопчувам душата како елек
и шаторот твој го распнувам сосема
меѓу вториот и дваесеттиот век
резот е доволно длабок и горешт
светлината да се прекрши и одбие
твојот профил да се обликува појасно
макар и ништо да не не објаснува:
ни империјата, ни мемоарите
ни градот што го подигнав во мислата променлива
- еден град повеќе во Елада, љубената
ниту слободата повеќе од власта што ја сакаше
и Latio не, ни кованите пекунии
со ликот на Антиној, обожаваниот
Humanitas Felicitas Libertas
ниту твојата библиотека која се обновува
лека-полека по светот
ниту противниците, не ни жените не
ни смртта твоја и на твоите современици
и коњот не, и знакот на небото
и мачката со боја на пустина, мед и сонце
(според описот на Јурсенар)
ни патувањата, ни пророштвата
не, не, не, во право си кога се сомневаш
во смртта, кога му се предаваш
на Допирот-Убавината-Сласта
како на Смисла
зашто, поместувајќи ги границите
на крвта, плотта, идејата
животот пренесувајќи го
од една метафора на друга
го одложи толку многу
што остана и за нас!
________________________
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Ти која
од јарецот и бикот
Ти која
од ракот и рибата
Ти која
од лавот и сонцето
од орелот и змијата
од мајмунот и мачката
од кругот и крстот
правиш митос
правиш поезис
правиш космос!
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)