и (сврз.) - кутија (имн.)

Ацо, постариот сопатник, кој во селото оставил големо семејство, додека го ставаше преостанатото јадење од појадокот во торбите и кутиите, сепак малку подзастана и, некако повеќе за себе, рече: „Зар мислиш дека ми е арно таму каде што сум?
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Делчевците влечеа со себе картонски куфери и кутии исповрзани со коноп, полни со најразлични работи.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
На полицата ја сместив и кутијата со колачи што ми ги припреми мама пред моето поаѓање за Париз.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Не знам колку кутии сол тие денови, од онаа од половина килограм пакувана во кутии од бел картон со втиснати сини букви, оставав како ненамерно во просториите каде што беа сместени работниците и кутиите ги наоѓав празни.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Доктор Коста пронајде во своите сандачиња и кутии некакви лекови и го присили онемоштениот старец да ги испие.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Летаат сандаци и кутии: пука солта, гори шеќерот и брашното, цврчи салото и сирењето, сета братска помош.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Дење растоварале вагони, вели, некои стоки за војските растоварал, вели Огнен Ѓорго, и кутии со јадење, затворени некои кутии, запечатени, вели, така го чувале јадењето за да не се расипува.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Има и кутија со многу мали предмети - има една џива што се тетерави по цилиндарот додека тој се врти, потоа зад нив има едни ротирачки маскирани вртлози со лице на инсекти што ви се плазат, потоа ги има оние мали спирали и пламенчиња, и некои други нешта што се случуваат.”
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)