и (сврз.) - кубур (имн.)

И се смириле до безгласност зашто Арсо и Цветко прераскажале дека виделе на пат осуммина под пушки и со секакви ножови и кубури во појасите, бездруго арамии или платеници на бегот воденичар.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Луѓето нерешително се преместувале од нога на нога и не сфаќале што е сега, не ли е рано за починка?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ѕиркаше час јатагани, час копита, бечви, час пискуљи од коњска грива, час дизгини, превртени грпки од седла, чизми, пушки и кубури, камшици засукани околу нечиј врат како змии, а кога воздухот сосем се нагнети од потни тела на луѓе и коњи и стана густ за дишење, Петре си рече: и убог божјак да сум, ми нема спас.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Еден светилник залета во воздухот и падна врз главата на омбашијата, а од неа бликна крв. – Пукај, сечи, коли! – се разрева раскрвавениот омбашија и сам се загна напред со голиот јатаган во забите и кубурите во двете раце. – Еј, Ристосеееее!
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)