Се колат брави, овци, јагниња, па некаде дури и крави, волови и се спремаат манџите за утрото, да бидат готови, оти тогаш ќе се стои од други поважни работи — пречекај испрати.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Двете добичиња, волот и кравата, се пикнале со главите под сенките, дремат и немаат волја за ништо: ниту јадат, ниту помрднуваат: гледаат сѐ во една иста точка пред себе до полудување.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Отиде да гледа како ги молзат овците и кравите, а кога ќе се врати ќе донесе котле млеко.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Господе, си зборувам, дали го закопаа Дончета Спикоски и кај го закопаа, ако го закопаа, си велам, и ги водам магарето и кравата.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)