Совршено различни ги    прави делумно нивната различност од месото и коските, но главно    просторот што го обележуваат и содржат, надворешното што тие го    прават внатрешно.
               
             
           
            
            
              „МАРГИНА  бр. 26-28“
              
              (1996)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Чу само душата како го моли нешто  И коските како му крцкаат  И имаше сила само да види  Ѕвездите врз него – блиску,  Марија – отаде ѕвездите...
               
             
           
            
            
              „Љубопис“
               од Анте Поповски 
              (1980)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Десет години ти ја носевме тежината, месата и коските, се извиткавме, се подгрбавевме од таа тежина, десет години ти ги носевме радостите и тагите, лудиот и порочниот живот, ти го носевме доброто и лошото, личното и грдото, треперевме на студови и дождови, одевме на свадби и погреби, на промоции и слави, а сега, во туѓа земја, во туѓ град да си ја докрајчиме живејачката, фрлени грдо, безмилосно, жално, срамно и позорно...
               
             
           
            
            
              „Захариј и други раскази“
               од Михаил Ренџов 
              (2004)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Зборовите  низ која се престоруваат блиска рода  на згниените мечови и коски.
               
             
           
            
            
              „Ненасловена“
               од Анте Поповски 
              (1988)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Сето тело, месото и коските на отец Мида се претвориле во слова, во букви: коските се претвориле во тврди гласови а месото негово во меки гласови.
               
             
           
            
            
              „Папокот на светот“
               од Венко Андоновски 
              (2000)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  - Охо, брат мој! - овој го зграпчи и одвај што не го задуши во својата прегратка: - Гледај го ти него, само еден глас и коските под дреата ти останале.
               
             
           
            
            
              „Пустина“
               од Ѓорѓи Абаџиев 
              (1961)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Војникот само нѐ поттурнува и вика:  — Мјафт, мјафт, мшеле гојн!11  Во нужникот нѐ среќава жена: уште само очите и коските се на неа, нема сенка за повеќе.
               
             
           
            
            
              „Небеска Тимјановна“
               од Петре М. Андреевски 
              (1988)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Од каде доаѓа и кон што лази? Доаѓа од нејтемнато минато и се движи победнички кон крајот на човештвото.
               
             
           
            
            
              „Тврдоглави“
               од Славко Јаневски 
              (1990)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  И што јаде, со што ја полни утробата? Лапа птици: чапли, дроплички, пауни, и крка животни: јазовци, диви јарчишта, пци, и гладно е за човечки жили и коски.
               
             
           
            
            
              „Тврдоглави“
               од Славко Јаневски 
              (1990)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Две такви средства (хардвер) на кои луѓето се повикувале уште од времето кога станале човечки суштества мораат да се наведат: воздушните бранови и тврдите објекти - на пример карпите и коските.
               
             
           
            
            
              „МАРГИНА  бр. 35“
              
              (1997)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Најпосле, кога веќе сите мускули и коски ѝ стежнаа, пред да ги залепи клепките, Чана се обиде да си најде место во нејзината глава, ама кај ја собирало таа голема снага?
               
             
           
            
            
              „Црна билка“
               од Ташко Георгиевски 
              (2006)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Земјата долу е проѕирна, чиниш некои нови и пресилни гама зраци ѝ ги откриваат тајните на утробата - корења и коски, под нив понорници, во длабичина усвитена јатка.
               
             
           
            
            
              „Кловнови и луѓе“
               од Славко Јаневски 
              (1956)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  - Нацртај му и коска! – предлага Лидија. – Нека се лаже Фигаро. Зоки нацртува и коска.
               
             
           
            
            
              „Зоки Поки“
               од Оливера Николова 
              (1963)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Дотрча зазбивано во училиштето и коските ни ги стресе од уплав.
               
             
           
            
            
              „Дружината Братско стебло“
               од Јован  Стрезовски 
              (1967)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Имаше тука секогаш и коски од риби и парчиња од лук и мувлосан целер.
               
             
           
            
            
              „Лек против меланхолија“
               од Реј Бредбери 
              (1994)