Тоа се две чети јунаци и комити: четите на Гоце и на пиринскиот цар - Јане Сандански.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Тогаш, тој штом разбрал што станало со сестра му, нарамил пушка и комита станал.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
И војводата мавнува со раката и комитите ги тргнуваат штиковите од под гушата моја. ־ Ај, сега оди си, вели војводата, ние пак ќе те побараме.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Дедо, комита, знаеш. Скитал, бегал, тепал, ама и комитата најпосле ќе се фати в мрежа.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)