и (сврз.) - капина (имн.)

На крајот сѐ излегува наопаку.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Цвеќе кога садиш или босилек, ти никнува чичек и капина.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Целиот тој дел, целата оваа Билга Планина, е шумовита, и шумовито е сѐ таму до дното, до брегот од таа страна над Долнец, каде што е песокливо и суво, само по некоја дива круша и капина.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Уште раното Јован почна да копа. Првин ги истрга оние неколку сиви камени плочи кои беа речиси набиени во земјата, ништо посебно повисочко, исплетени со корења од трева и капини.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Ги нападиле оние на кои коренот им е овде, нѐ довлекоа нас да ја ораме и да ѝ ги користиме плодовите на земјата, ама ние заборавивме да се грижиме за нивните мртви и убавите мермерни гробови сега се обраснати со тревишта грмушки и капини.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)