Летото , ми се чини, ни го украде детството, ни го расфрла по синорот на селото, по салашите, по нивите и каналите, по вагоните од селото до Сомбор, по патиштата до Ригица, Станишиќ и Бездан, по веселбите и приредбите.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Реката и каналот, а каналот крие и други страшни нешта, Там са кријат гулеми змии шо ние и пд’ме уд пиперките и думатте, ете тие две води го правеле Острово опасно место за едно малечко дете.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Место тоа сега се’, и работата на бригадирците, и каналот, и она блато што светкаше на сонцето како мало езеро сред непрегледната зеленина на полето му се виде неинтересно, бесмислено и глупаво.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)