и (сврз.) - казна (имн.)

Рада беше подготвена за секаква пресуда. Но, се прашуваше заради што се пресудата и казната!
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Да, ти си истиот оној кој за своите дела ја заслужи пофалбата и довербата на овој несреќен народ, но денеска ти си дезертер, ти си предавник што заслужува само прекор и казна!
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
Или, пак, тоа беа книгите како „Злосторство и казна“ што привремено ја надојуваа ваквата страст со тегличка отровна катарза.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
При градењето на Вавилонската кула, Господ бил тој што ја одредил и мерката и казната. Ги измешал јазиците на луѓето.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Гледајќи ја оваа маса од расчувствувани лица, Арсо се прашаше самиот себеси, зошто овие сериозни лица - запотени, стеснети и опијанети од љубопитност, ги заборавиле своите секојдневни работи, многу важни за самите нив и се претвораат овде во наивни, пакосни или добродушни гледачи, зашто им е потребно тоа да се согласуваат со оние што обвинуваат и на таков начин да си ги прават душите тврдокорни, барајќи во себе презир, непопустливост и казна за оние што се млади и непокорни, но очигледно способни да ја платат највисоката цена за таа своја непокорност, за тоа свое несогласување и за мечтата за нешто што го нема, но треба да дојде, зашто без него нема смирување и среќа.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Но уште се сеќавам на приказната за штркот и штрчицата, за нивната верност и казна.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Луј Армнстронг, Ела Фидџералд, Нет Кинг Кол, Гершвин, Рапсодија во сино, Порги и Бес... беа многу често присутни во нашиот дом.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Заради него јас уште во седмо одделение почнав да го читам Достоевски и тој ми стана омилен писател (потоа го препрочитував, особено Браќа Карамазови и Злосторство и казна).
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Денеска вкочането го чекаме учителот. Ја чекаме и казната.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
„Секако! Законот предвидува и казни. Најстрога казна е забрана на користење на објектот.“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Според нашите податоци, откако имате откриено дека на вашиот добродетел Чардаклија му е изречена и казна, вие се впуштате во проверка на утврдените факти, ги потхранувате луѓето од селото со некои свои вистини, а во прибирањето на податоците не ги заобиколувате ни најблиските на обвинетиот кои сосема разбирливо секогаш ја застапуваат страната на обвинетиот; со еден збор, вршите своја приватна истрага со противдржавна намера.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Нели тој случај е затворен и казните се изречени уште кога тој престојуваше на оној според него непотребен курс со кој требаше да биде унапреден во службата!?
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Тоа едноставно ја покажува огромната разлика помеѓу дом и куќа, помеѓу мизерниот физички објект и принципот, создаден не од тули и дрво, туку од мноштво различни емоции насобрани со текот на времето, без некоја посебна причина, без поврзаност со наградувањата и казните.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)