Во сите овие музеи, во кои на моменти ми изгледаат како затвори на животот, водичите- конзерватори ги гледам како чувари на менталните затвори кои се подредени на наредбите на една моќна идеолошко-политичка Централа од која зрачат непогрешливите пораки и инструкции на Партијата...
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Откако единаесеттиот ден од месецот во раните утрински часови беше спроведена рацијата во трите места каде што живееше еврејско население, според прецизниот план, лицата од еврејски происход како што службено ги именуваа, без оглед на полот, здравствената состојба и возраста, беа донесувани, и според прецизниот план и инструкции и конфинирани во големата зграда на скопскиот тутунски монопол.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)