Терминот „теорија на шемите” го користам да го означам овој правец во когнитивната наука, и изразот „шема” овде е употребен за да означи основна функционална единица на акција и перцепција.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
За разлика од некои современи режисери кои сопствената позиција на алтернативни творци ја оправдуваат со своето уживачко и разорно впуштање во општите феномени и изразите од општествените маргини, Гринавеј му е посветен на потиснатото дејство на моќта на сликата и приказната од баштината на западната европска култура.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Блиску до интересот на поетесата Олга Наумовска мотиви од цврстата љубов кон татковината, мотиви од вестените интимни победи на срцето, блиско ѕиркање во структурираните поетски форми од типот на хаику песни, но и детската разиграност исполнета со блага ненаметлива рима и изрази кои соодветствуваат со совремието во кое живееме.
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
Оваа „временска“ знаковна функција на сувенирот се проширува врз секој предмет - објект, кој (за мене) означува еден момент - макар тоа да е посвета на некоја книга, то-ест нешто што не мора да има материјална вредност и израз (како следниот натпис: 21 февруари, на пример).
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
И еве сега ова трагање по опасните турцизми во балканските јазици, кое, секако, беше и израз на духот на времето, за кое се залагаше неговиот добродушен пријател Камил Климент Камилски, си го сметаше како егленџе за душата, сакајќи, сепак, да ја покаже низ една толку противречна синтагма опасноста од турцизмите, во обратен процес на релативизација (безопасноста на турцизмите) низ мисловното чистилиште во кое ќе ги подложат избраните опасни турцизми за да ја покаже релативноста на овој монтиран процес на чистењето на јазиците, својствен за мешањето на историјата дури и во делбата и во поставувањето граници во јазиците.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)